
Свештеник
МПЦО “Свети Климент Охридски” – Берлин

Парохиски свештеник
Презвитер Оливер Новески
Отец Оливер Новески е роден на 18.03.1991 година во село Белчишта, Охрид, од родители Зоран и Виолета. Основно образование завршува во роднотот место во Во 2010 година завршува Македонска православна богословија, а во 2014 година дипломира на Православниот богословски факултет во Скопје. Во 2020 година магистрира на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј„ во Скопје на тема „Црковно-политичкиот живот на свети Фотиј Цариградски“.
На 09.09.2019 година, кога се празнува споменот на преподобен Пимен Велики од страна на Високопросвештенеишиот митрополит Европски г. Пимен во манастирот „свети Леонтиј„ во с.Водоча, Струмица, беше ракоположен во ѓаконски чин.
Еден месец подоцна, на 31.10.2019 година, кога се празнува споменот на светиот ап. и ев. Лука, во манастирот „свети Спас“ во Горно Лакочереј, Охрид, од страна на Високопреосвештенејшиот митрополит Дебарско – кичевски г. Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин.
На 21.11.2019 година, на празникот Собор на свети Архангел Михаил, со благослов на Високопреосвештенејшиот митрополит Европски г. Пимен, отец Оливер Новески, беше поставен за парохиски свештеник на Македонската православна заедница „Св. Климент Охридски“ во Берлин, Р. Германија.
Најголема подршка на отец Оливер Новески му се неговата сопруга Драгана со нивните две деца Арон и Давид.